МНР: Во целост ја демантираме информацијата доставена од страна на СДСМ до медиумите, поврзана со патувањето на министерот Муцунски во Вашингтон
Во целост ја демантираме информацијата доставена од страна на СДСМ до медиумите, поврзана со патувањето на министерот Муцунски во Вашингтон, соопштија од МНР.
Воедно, ја информираме јавноста дека и покрај тоа што постои дипломатска пракса министер за надворешни работи на официјални настани од ваков вид да биде формално придружуван од брачен партнер, вистината е дека на ова патување министерот не беше придружуван од својата сопруга. Министерот единствено беше придружуван од дипломати од Министерството и дипломатско конзуларните претставништва, а кои се наоѓаа на списокот како дел од официјалната делегација.
Уште еднаш напоменуваме дека информациите споделени во денешното соопштение на СДСМ се целосна лага и невистина.
Претходно од СДСМ во соопштение до јавноста прашаа дали и сопругата на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон.
И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се истераат фамилијарни одмори, а не да се тера дипломатија. Не е ни чудно тоа што Самитот на НАТО беше дипломатски дебакл на нашата делегација, очигледно приоритетите биле други, се вели во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските здравствени власти демантираат: Нема потврден втор…
Руските здравствени власти демантираат: Нема потврден втор…
Цените на нафтата експлодираа на светските берзи:…
Цените на суровата нафта бележат силен раст…
Доаѓа сериозно заладување: Подгответе ги чадорите и…
Викендот и првата половина од следната седмица…
Бугарски лекари ќе ја прегледаат Ива Михајлова
Македонија дала согласност бугарски медицински специјалисти да…
Претреси кај јапонските пивски гиганти: Сомнежи дека…
Јапонските власти извршиле претреси кај четири од…