Немам волшебен џојстик во раце да ги управувам авионите и хеликоптерите – Ангелов во „Топ тема“ за прописите за гаснење пожари од воздух

t

Големиот романски противпожарен авион „Спартан“ денеска за првпат дејствуваше кај Солунска Глава и во неколку наврати фрли водни бомби од пет тони, истакна Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Таму можевме да го искористиме тој романски авион, бидејќи немаше сили. Станува збор за место на 2.000 метри надморска височина, немаше луѓе на земјата. Инаку е ризично фрлањето на тие водни бомби, доколку погодат човек на земја, може да го убијат. Многу сме внимателни. Кога реагираат градоначалниците, ние многу добро знаеме зошто, кога и каде го праќаме кое летало, бидејќи сите имаат техничко-тактички ограничувања. На пример, за „Ер тракторите“ мора да има човек на земја кој што ги наведува. Доколку нема човек на земја, тие не гаснат. Комуникацијата со нив ја остварува човек од земја. Јас немам волшебен џојстик во рака да ги управувам авионите и хеликоптерите“, појасни Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…