Објавено на:

Радев од Вјоса Османи побарал поголеми права за Бугарите во Косово

t

Бугарскиот претседател Румен Радев од косовската претседателка Вјоса Османи побарал „целосно остварување на правата на бугарската заедница“. За време на нивната средба на самитот на Европската политичка зедница во Англија, Радев ѝ рекол дека забрзувањето на процесот на интеграција на Косово во меѓународните структури, европската и евроатлантската заедница ќе биде позитивен знак за целиот регион.

Шефот на бугарската држава бил многу задоволен од неговата официјална посета на Косово во декември минатата година, при што се разговараше за соработка во економијата, инвестициите, образованието и безбедноста. Тогаш тој се сретна и со претствници на „бугарската заедница“ во земјата.

„Претседателот Радев изрази благодарност за пристапот на Косово кон заедниците во согласност со европските демократски стандарди. Генералниот став беше дека гарантирањето на правото на самоопределување е еден од темелите на демократијата. Радев изрази надеж дека процесот на потврдување на статусот и можностите за целосно остварување на правата на бугарската заедница во земјава и нејзин развој ќе продолжи како реален фактор за зајакнување на односите меѓу двете земји“, се вели во соопштението на кабинетот на претседателот на Бугарија.

Софија преку официјални и неофицијални канали врши голема пропаганда и притисок Гораните во јужниот дел од Косово на границата со Македонија да се изјаснуваат како Бугари, нудејќи им притоа и бугарски пасоши. Гораните, кои се муслимани, но се изјаснуваат како Македонци, се предмет на политичка пропаганда со лукративни понуди од Бугарија и во областа Голобрдо во Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко…

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана…

Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром

Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…

Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок…

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција…

Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…

На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…

Филипче ја обвини Владата за попречување на…

Младите имаат право на научно засновани информации…