Зголемено присуство на Ковид-19 во Грција
Тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 во Грција е регистриран во изминатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).
Во периодот од 8 до 14 јули годинава, позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на една седмица претходно.
Хоспитализирани биле 669 лица, зголемување во споредба со просекот во претходните четири седмици што беше 464 пациенти, а на апарати биле приклучени 12 пациенти.
За една седмица од Ковид-19 починале 26 лица, што според ЕОДИ е зголемен број, со оглед на тоа дека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 17.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец 18 месеци работел заедно со…
Извештајот на словенечкото Министерство за внатрешни работи…
Од денеска нови правила во ЕУ за…
Во Европската Унија од денеска на сила…
Гужви на границите: На Табановце и Богородица…
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово…
Истанбул го симна Хитроу од европскиот врв…
Лондонскиот Хитроу ја загуби позицијата на најпрометен…
Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново…
Пожарот што вчера околу 13:30 часот избувнал…