(Фото) Убиен Фатон Хајризи! Ликвидиран Албанецот кој го уби српскиот полицаец Никола Крсмановиќ во Лозница: Повторно пукал на полицијата
Портпаролот на Владата и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјавил дека е ликвидиран убиецот на полицаецот.
„Припадниците на полицијата во околината на Лозница го ликвидираа убиецот на полицајци“, изјави Дачиќ.
Министерот Дачиќ се упатил на самото место.
Како што пишува „Informer“, Фатон Хајризи повторно пукал на полицијата поради што бил ликвидиран.
Потсетуваме, српското МВР денеска соопшти дека припадниците на Министерството за внатрешни работи интензивно трагаат по Фатон Хајризи кој е осомничен дека пред два дена во Липнички Шор го убил полицискиот службеник Никола Крсмановиќ и го ранил полицаецот Вјекослав Илиќ.
Кој е Фатон Хајризи можете да прочитате ТУКА.
Емруш Тачи, поранешен директор на затвор, изјавил дека според неговото познавање на Фатон Хајризи, тој нема да „падне во рацете на Србите“.
Полицаецот убиен со куршум во глава
Да потсетиме, полицаецот Никола Крсмановиќ е убиен со куршум во глава, додека неговиот колега Вјекослав Илиќ е застрелан во рамо.
Тој е хоспитализиран во Општата болница во Лозница, а како што било кажано за „Блиц“, неговата состојба е стабилна и тој е надвор од животна опасност.
Од утрово се пребаруваат левата и десната страна на Дрина, бидејќи се верувало дека напаѓачот тргнал кон реката.
Лице кое се претставува како Фатон Хајризи на социјалните мрежи споделува страшни пораки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко…
Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана…
Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром
Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…
Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок…
Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција…
Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…
На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…
Филипче ја обвини Владата за попречување на…
Младите имаат право на научно засновани информации…