Владата ја поништи одлуката за евтино давање под закуп на комплексот „Крушино“ на човек близок до ДУИ и Сејдини од ФФМ
Новата влада, на седница одржана на 6-јули поништила одлука на претходната влада, со која требаше да се отуѓи земјиште, односно комплекс „Крушино“ во близина на Кичево, на Кујтим Сула, зет на актуелниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини, пишува „Скопје инфо“.
Како што објави овој медиум, одлуката на претходната Влада е донесена кога Талат Џафери бил технички премиер, а потпишана од страна на поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, бидејќи местото е во сопственост на Министерството за одбрана.
Станува збор за капитален објект, комплекс „Крушино“ во чии рамки има хотел и повеќенаменски игралишта.
Целиот комплеск требало да се додели за 500 евра месечен надомест на Кујтим Сула, управител на фирма која раководи со комплексот „Кнежино“.
Повеќе на „Скопје инфо“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влегол кај деканот, оставил писмо со закани…
Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина…
Белата куќа бара нови опции за напад…
Белата куќа побарала од Пентагон да разработи…
ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203…
Возач на „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки…
(Видео) Француски градоначалник застана како „жив штит“…
Додека масовните протести поради условите во училиштата…
Владата го усвои Предлогот за измени и…
Денеска на седница го разгледа и усвои…