Украинската армија призна: Руските сили ги уништија нашите позиции во Кринки
Руските вооружени сили целосно поразија поголем дел од позициите на украинската армија во селото Кринки во Херсонската област, изјави портпаролот на оперативно-стратешката група на украинските сили „Таврија“ Дмитриј Лиховој.
„Повеќето од главните позиции на украинските сили во тоа село навистина беа целосно поразени поради интензивните комбинирани и продолжени активности на непријателот“, изјави тој за телевизијата Рада.
Портпаролот го нарече Кринки место каде што е практично невозможно да се одржи одбрана.
Претходно беше објавено дека украинската полиција трага по речиси 800 припадници на вооружените сили на Украина кои исчезнаа во тоа село од минатата есен.
Во февруари тогашниот руски министер Сергеј Шојгу објави дека селото Кринки е ставено под контрола на руската армија.
Украина започна контраофанзива на почетокот на минатото лето, но веќе во ноември 2023 година Владимир Зеленски призна дека резултатите на кои сметаше Киев не се постигнати. Неуспехот тој го образложи со фактот што Западот не испратил доволно помош, како и со фактот дека вооружените сили на Украина имаат ограничен број војници на располагање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…