Кампањата на Камала Харис за 24 часа собра 81 милион долари!
Кампањата на актуелната американска потпретседателка Камала Харис денеска објави дека собрала 81 милион долари во првите 24 часа откако Харис објави дека ќе се кандидира за претседателска номинација на Демократите.
Во изјавата, портпаролот на кампањата Кевин Муњоз го нарече тоа „историско искажување на поддршка“ за потпретседателот, објави Си-Ен-Ен.
„Историското искажување на поддршка за потпретседателот Харис претставува токму таков вид на енергија и ентузијазам од граѓаните кои победуваат на изборите“, рече Муњоз.
Претходно овој месец, некои од најголемите донатори на Демократската партија предупредија дека нема да ги платат ветените донации доколку Бајден не се откаже од кампањата за реизбор, а Њујорк Тајмс објави дека станува збор за околу 90 милиони долари.
Бајден синоќа објави дека се повлекува од кампањата за реизбор, откако одби да го стори тоа претходниот месец.
Тој изрази уверување дека „во најдобар интерес на неговата партија и земја е“ да се пензионира и да се фокусира само на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат и ја поддржа Камала Харис како следен претседател на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Нов скандал на власта – Јанушев…
Левица утрово обвини дека Владата на премиерот…
Ќе платите 383.000 ЕВРА за кампања: Владата…
Граѓаните повторно ќе плаќаат за „спроведување на…
ДИК: Поднесување листи на кандидати до 13…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128…
Кампањата „Кажи НЕ на пушењето“ на НАЦИОНАЛНО…
Кампањата „Кажи НЕ на пушењето“ на НАЦИОНАЛНО…
Камала Харис собра 540 милиони долари за…
Демократската кандидатка Камала Харис собра 540 милиони…