Мисајловски: Наскоро пред Влада нов предлог закон за пожарникарство
Нов Закон за пожарникарите во најбрз можен рок ќе биде доставен до Владата, изјави за МИА Министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
– Министерството за одбрана во периодот што следува ќе ги разгледа предлозите кои во изминативе неколку години работни групи од повеќе надлежни институции за оваа проблематика работеле на изработка на нов Закон за пожарникарство и во најбрз можен рок ќе излезе со предлог до Владата, вели Мисајловски.
Инаку дел од платите на пожарникарите се обезбедуваат преку наменски дотации буџетот на Министерството за обрана. На ниво на држава 734 пожарникари се финансираат преку наменски дотации.
Во гаснењето на пожарите низ земјава учествуваат припадници на Армијата, но и еден воен хеликоптер. Прашан дали новите хеликоптери кои се набавуваат од италијанската фирма Леопард ќе се користат и за гаснење на пожари, Мисајловски со потврден одговор.
– Ве информираме дека хеликоптерите ќе бидат опремени со инсталација подготвени за гаснење на пожари, изјави за МИА Министерот за одбрана, Мисајловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше…
Владата на СДСМ прифати се што Бугарија…
Мицкоски: Очекувам да бидеме меѓу земјите со…
Вчера премиерот Христијан Мицкоски имаше средба со…
Затвореник избоден со остар предмет во Идризово,…
Во Казнено-поправната установа „Идризово“, се регистрирани два…
Привременото одложување на БСЖ вакцината е мерка…
Привременото одложување на БСЖ-вакцинацијата во Македонија е…
ДВЕ РАБОТИ СЕ НАЈВАЖНИ ЗА МАКЕДОНИЈА! „Подготовка…
Подготовка за поширока Европска Унија – ова…