Екипата на Трамп доаѓа да инвестира во Македонија и да ја шири неговата социјална мрежа?
Во Скопје на разговори со премиерот беа извршниот директор на социјалната мрежа на Трамп, Truth Social, директорот на компанијата што обезбедува клауд услуги на оваа мрежа и милијардерот кој е еден од најстрасните поддржувачи на поранешниот претседател
Резултатите од вашингтонската вечера на премиерот Христијан Мицкоски со Ричард Гренел, човекот за Балканот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, за Балканот, Ричард Гренел, почнуваат да се појавуваат. Мицкоски денеска имаше средба со неколкумина од поширокото опкружување на Трамп, меѓу кои е и Крис Павловски од Канада, чија компанија Rumble дава клауд услуги за социјалната мрежа на Трамп, Truth Social. Покрај тоа, компанијата на Павловски обезбедува и видео платформа за Truth Social. Оваа социјална мрежа на Трамп е особено популарна кај американската десница и уште повеќе кај крајната десница.
Во технолошките кругови Rumble е опишана како „алт-технолгија“. На почетокот од оваа година Rumble беше ставена под истрага на Комисијата за хартии од вредност на САД.
Според соопштението од владината прес-служба, а и она што го кажа Мицкоски во интервју за Телма, на разговорите во владата биле и Хауард Лутник, основач и извршен директор на една од големите финансиски корпорации во САД- Cantor Fitzgerald, и Девин Нунес, поранешен конгресмен од Калифорнија и сегашен извршен директор на Корпорацијата Трамп за медиуми и технологија.
На средбата се разговарало за можностите за соработка во дигиталниот сектор и дигиталните реформи кои треба да ги спроведе Македонија цел да се подобрат услугите кон граѓаните и поедноставување на нивниот живот. Но се разговарало и за други можности за економска соработка.
Лутник е милијардер (богатството му е проценето на 1,5 милијарди долари). Тој и Павловски се поврзани на деловен начин. Лутник ја презеде видео платформата на Rumble. Тој е еден од страсните поддржувачи на Трамп и има организирано донаторски вечери за поранешниот претседател.
Девин Нунес е дел од најтесниот круг на Трамп. Беше избран за конгресмен од Калифорнија во 2018 година. Стив Бенон своевремено го нарече Нунес „втор најсилен сојузник на Трамп во Конгресот“.
„Лос Анџелес тајмс“ него го опиша како „еден од најжестоките и најнеобични бранители на Трамп во Конгресот“, кој ги „папагализираше теориите на заговор на претседателот“ и ја искористи неговата позиција „за да се обиде да ја поткопа истрагата за руското мешање во изборите во 2016 година“. Тој во 2021 година го напушти Конгресот за да стане извршен директор на социјалната мрежа на Трамп, Truth Social.
Премиерот Мицкоски беше во право го на Телма рече дека Лутник и Нунес „се двајца кои се од кругот на најблиските соработници на екс-претседателот на САД, Доналд Трамп“.
„Јас сум горд и задоволен што овие луѓе се тука и со тимови на владата ќе разговараат поделени во два дела, првиот е економски, пред сѐ новите блокчејн технологии, на криптовалутите и можностите како ‘дигиталниот денар’, и второто е да видиме дигитализацијата и дигиталната трансформација полесно и потранспарентно да ги завршуваме“, рече премиерот.
Така, македонската влада и пред изборите во ноемви и во контекст на драматичните настани во американската политика, не индиректно туку директно ја избра страната во која верува. А тоа е поранешниот претседател Доналд Трамп. (Н.В.)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…