„Колената го болат за во авион, ама не и за на Водно“
Дали сите тројца министри во Владата на Мицкоски кои беа во Вашингтон на државна сметка имаат исти проблеми со колената па мораат да патуваат со бизнис класа прашува СДСМ по објаснувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека патувал со бизнис класа затоа што иал проблеми со колената.
„Со смеа и неверување јавноста и граѓаните ги слушнаа ‘оправдувањата’ на Мицкоски дека причина биле проблеми со колениците. Дали сите 3 министри во Владата на Мицкоски кои беа во Вашингтон на државна сметка имаат исти проблеми со колената па мораат да патуваат со бизнис класа? А, кога се сликаше на Водно како се качува Мицкоски имаше ли проблем со колениците? Мицкоски лаже и си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните“,се вели во реакцијата на СДСМ.
Мицкоски во телевизиско интервју рече дека неговото патување во бизнис-класата било на прекуокеански релации и тоа Виена – Вашингтон и Њујорк – Виена. На летот од Скопје до Виена и обратно, како што рече, бил во економска класа.
На реакцијата од СДСМ експресно возврати ВМРО-ДПМНЕ.
– Кога сме кај возењето со авиони, токму функционерите на СДС ги оштетија граѓаните. Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена, дури и до Ниш, а Заев и министри на СДС одеа со државен хеликоптер дури и до градови низ Македонија без никаква потреба.Заради СДС за владиниот авион за сервис ќе се платат 1 милион евра од буџетот на граѓаните.Заврши времето на нерационално се трошеа народните пари и наместо за граѓаните парите одеа кај пајташите на СДС и ДУИ.Вистинското прашање кое СДС треба да одговори каде се поделени 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компании во ковид?,Или како се потрошени 550 милиони евра за пруга која завршува во тунел без излез, велат од партијата.
Дополнително, околу патувањето на премиерот на самитот на НАТО внимание привлче и прсуството на неговиот син. То објаснува дека сметките за патувањето на синот ги платил сам. ДКСК отвори постака за овој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…