Јованов: Наместо рационализирање на буџетот власта не задолжува со кредити
Додека се исплаќаат стотици илјади евра за патни трошоци на пратеници, на 2000 евра плати, НЕМА простор за муабети од типот “нема пари за образование и здравство”!!!
Нема пари!?
Фатете да кратите најпрво од привилегиите!
– Ќе ги укинете службените коли на функционерите;
– ќе укинете патни трошоци;
– ќе укинете ф’стаци и бадеми по институциите;
– ќе укинете картички за кафани на функционерите и директорите;
– ќе кажете на нато дека нема пари за членство, ако се такви пријатели нека почекаат подобри времиња;
– ќе се извините на Русија и ќе продолжите да купувате евтин руски, наместо најскап амерички течен гас;
– ќе прекинете за иста работа во општините ем да вработувате партиски полтрони во администрација, ем да давате тендери на другарски фирми и ќе си ги натерате полтроните да почнат да работат за платата;
– ќе отпуштите вработени по етнички клуч кои со години седеле дома, а земале плата;
– ќе воведете Закон за потекло на имот на функционери и конфискација на нелегално стекнат имот;
– ќе ги ставите клучните ресурси под државно владение и наместо 1% од заработката, 100% да одат за државата;
– ќе озаконите раст на плати во приватниот сектор со раст на профит…
Кај се овие мерки, што се чека!?
Ама наместо ова, уште на почеток, вие земате нови кредити за стари дупки,
ресурсите ги давате на странците,
не кратите на луксузирање на функционерите;
играте туѓи игри и евтин гас го заменувате за најскап;
…
Ама за образование и здравство – НЕМА!!!
Знаете каде ќе стигнеме вака!?
До губење на државата!
Загарантирано!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше…
Владата на СДСМ прифати се што Бугарија…
Мицкоски: Очекувам да бидеме меѓу земјите со…
Вчера премиерот Христијан Мицкоски имаше средба со…
Затвореник избоден со остар предмет во Идризово,…
Во Казнено-поправната установа „Идризово“, се регистрирани два…
Привременото одложување на БСЖ вакцината е мерка…
Привременото одложување на БСЖ-вакцинацијата во Македонија е…
ДВЕ РАБОТИ СЕ НАЈВАЖНИ ЗА МАКЕДОНИЈА! „Подготовка…
Подготовка за поширока Европска Унија – ова…