Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната власт по етничка линија – Кои се замениците министри?!
Повторно се создава паралелна власт во институциите, реагираше на денешната седница на Собранинето за избор на замениците на министрите во Владата, пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил.
– „Мислам дека малку не е фер да ги коментираме кадровските решенија. Дали вие мислите дека треба да се дадат шанси на луѓе кои биле во претходната власт? – Што биле во државни органи коишто немаат направено ништо добра да ја коментираме првата. Онаа што ќе биде заменик министер за одбрана – Ефтет Исмаили. Таа била на раководни позиции во Македонски пошти долго време, а Македонски пошти пропаѓа и пропаѓа.
Неждет Муфтафа – којшто како претставник на Ромите, се прави фасада за претставници на заедниците. Човекот е 20 години на власт, состојбата со Ромите е се полоша и полоша! Потоа, да го коментираме Зоран Димитровски, човекот освен што беше пропагатор на преспанскиот договор и на промената на името, човекот е докажан сороспија.
Флакрон Беџети на пример,човекот е државен секретар цел свој живот. Одиме, Лулзим Алиу заменик министер за образование бил, обучен од УСАИД цело време. Заменик министер за култура, дали нема да го коментирате човекот што е теолог.
Замениците министри немаат никаква улога, освен да го ухлебат вториот ешалон од кадрите. Исто како претходните влади, оваа Влада покажува тенденција да направи паралела во министерствата, каде што има министер Албанецима заменик Македонец и обратно. Со тоа ствараат паралелни структури во највисоките органи на извршната власт!“ – истакна Исмаил.
Тој претходно на Фејсбук напиша:
– КОИ СЕ ПРЕДЛОГ ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИ НА ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД МИЦКОВСКИ:
Прибидејќи колегите од ДПМНЕ-ЗНАМ, на Пленарната седница во Собранието, посветена токму по оваа точка на дневен ред, избегнуваат да зборуваат за имињата кои се предлог за заменици министри, па вака преку неколку примери да обелодениме за јавноста кои и какви се овие предлози:
1. ЕЛФЕТ ИСМАИЛИ – заменик министер за одбрана;
Овој кадровски предлог покрај тоа што бил безгласен советник во општина Гази Баба, колешката Елфет во 2002 до 2004 била во Фондот за магистрални и регонионални патишта.
Потоа, од 2008 година била на раководни позиции во Македонски пошти, меѓу кои и Директор на Пошта 2 во Скопје. Состојбата со Поштата и патиштата знаете какви се!
2. НЕЖДЕТ МУСТАФА – заменик министер за заедници;
Неждет, како фасада за “претставник на ромската заедница” 20 години е во власта, а состојбата со Ромската заедница од година во година е се полоша. Патем и актуелен Градоначалник во Шутка – доволно е да ја посетите општината да видете колку е “успешен” овој кадар.
3. ЗОРАН ДИМИТРОВСКИ – заменик во МНР;
Овој соросоид е од кадрите на Павле Трајанов, кои секогаш учествуваат во сите гомненици на секоја Влада, но после, во предизборие, поминувајќи низ граЏанското чистилиште, завземаат редовно место во следната влада. Така и сега. Типични паразити кои се хранат од националната и социјална беда на нацијата. Патем, овој предлог-кадар на фанфари беше промотор на Преспанскиот договор.
4. МАРЈАН РИСТЕСКИ – заменик министер за во Труд;
Овој комунален инспектор од Прилеп, како градоначалник на Прилеп го “опраи” градот, сега на републичко ниво ќе ни спроведува социјална правда.
5. ФЛАРКОН БЕЏЕТИ – заменик во Земјоделие;
Овој предлог кадар пак цело време бил на врвот на државни институции кои немаат покажано никаков позитивен резултат, туку само девалвација и нефункционалност. Пример:
– Државен секретар во МТСП
– Раководител во МТСП
– Соработник во Фонд за пензиско.
6. ЈОВИЦА АНДОНОВСКИ – заменик министер во Здравство;
Овој предлог кадар, актуелен Советник за финансии во ЈЗУ Велес, каде бил и Директор 2007-2010 година, цели 6 години бил заменик министер во Здравство и тоа во период кога овој сектор поради бумот на приватното здравство почна да деградира со слободен пат.
7. ЉУЛЗИМ АЛИУ – заменик во Образование;
За овој предлог доволно е да знаете дека дечкото бил Заменик министер во Образование 2022-2023…?! А бил и во Комисија за лектири во истото министерство 2014-2015 та година.
8. СЕДАТ СУЛЕЈМАНИ – заменик мин. за Култура;
Теолог, кој бил заменик министер кога културата цветаше 2020-2022.
9. РАДОСЛАВ ВАРЏИСКИ – заменик во Мин. за Дигитализација;
Овој дигитален кадар цело работно искуство го поминал на високи позиции во општина Куманово. Кумановци знаат колку е дигитализирана општината, па сега ни го пратија да ја дигитализира Републиката?!
10. КАЛТРИНА ШАЌИРИ – заменик во Транспорт;
Колешката Калтрина била Портпарол во општина Чаир, во најнетранспарентната општина и општина со највеќе спорни легализации и нелегални градби.
11. АНЕ ЛЕШКОСКА – заменик во Животна средина;
Ова е кадар со најголемо искуство на џапање на патни трошкови, па оттаму, како голем корисник на дизел гориво, сосема соодветно решение е за животна средина.
Инаку, замениците министри се вишок функции кои служат за фасада и ухлебување на партиски потрчковци, швалери и швалерки и пеглање на меѓу-коалициски договори.
Кога ќе се сумира ćе, повторно, како и секоја влада од 2001 година наваму, продолжува традицијата на создавање на парарелни етнички структури во највисоките институции на државната власт: онаму каде има министер македонец до него се става заменик албанец, и обратно. Што не само што ја руши целисходноста на министерството, туку и преку тоа, се спроведуваат парарелни политики и на крај завршува со дезинтеграција на нацијата и создавање на парарелно општество – што е рак рана на Македонија. – стои во објавата на Исмаил на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…