(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 148 тони вода врз пожарите кај Старо Нагоричане и Брезница
Денеска (23.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарите кај Старо Нагоричане и с. Брезница. Хеликоптерот Бел 412 во 05:00 часот заедно со екипа од Црвениот крст, која што постави базен за полнење на вода, дејствуваа врз пожарот во Старо Нагоричине. По 19 циклуси и исфрлени 28 тони вода, пожарот е изгасен. По ова, хеликоптерот Бел 412 заедно со хеликоптерот Ми-171 дејствуваа врз пожарот во реонот на селото Брезница, Јасен. Врз овој пожар хеликоптерите Бел-412 и Ми-171 заедно во 45 циклуси исфрлија 120 тони вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…