Акција на МВР со ДЕА: Запленети над 300 килограми кокаин

t

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата значајна улога на транснационално ниво во борбата против недозволена трговија со дрога.

Неофицијално дознаваме дека по брза размена на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при МВР и службата за борба против дрога на САД-ДЕА, од страна на германската полиција запленети се над 300 килограми кокаин, кои биле скриени во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на пристаниште во Холандија, а од таму стигнал до Германија.

Уште едно признание за сериозниот пристап на Одделот за криминалистичка полиција при МВР во борбата против меѓународниот организиран криминал за недозволена трговија со дрога.

Тоа само по себе е потврда дека соработката помеѓу партнерски служби, брзата размена на информации и искрените пристап, се клучни за бескомпромисна борба против секаков вид на криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР и ЈО наскоро ќе излезат со…

Министерството за внатрешни работи постапува во насока…

Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…

Прострелна повреда во пределот на ногата била…

МВР со важен апел до родителите: Препознајте…

Министерството за внатрешни работи упатува апел до…

Голема акција на МВР во Макстил!

Екипи на МВР по наредба за Основното…

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…