НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Лозана е потпишана декларација по која е извршена грцизација на Егејска Македонија
Со декларацијата што е донесен во Лозана, на денешен ден пред 101 година, е отворен патот за драстична промена на етничката слика во Егејска Македонија, што подоцна и се случи.
На 24 јули 1923 година, Грција, Турција и сојузничките сили во Првата светска војна ја потпишале Лозанската декларација, врз основа на која било извршено принудно иселување на христијанското население од Турција во Грција и обратно на муслиманското население од Грција во Турција. Со оваа декларација најмногу на удар беа Македонците, зашто со размената на население во голема мера е изменет националниот состав на населението во Егејска Македонија, на штета на Македонците.
Потпишувањето на Лозанската декларација следувало по конференцијата која била одржана од 20 ноември 1922 до 24 јули 1923 година. Кралството СХС не го потпишало Лозанскиот договор, туку со Турција потпишале посебен мировен договор.
Политиката на етничко чистење на македонскиот народ се интензивирала со Лозанскиот мировен договор. Co тој бран на преселба од Турција во Грција дошле еден дел Грци, но и други етноси со христијанска вероисповед. Грција спроведува колонизација со цел да се смени традиционалниот етнички состав на населението во Егејска Македонија. Врз основа на надворешната колонизација биле доселени 565.143 лица, грчко и негрчко христијанско население.
Освен тоа грчките власти вовеле забрана за употреба на мајчиниот јазик, забрана да се пеат македонски песни, менување на сите натписи во црквите и на гробовите, промена на лични и фамилјарни имиња во грчки, преименување на имињата на села, градови, реки и планини, ограничување на вработување во админстрацијата и отпуштање од работа на активисти кои се залагале за правата на македонското малцинство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата…
Европската комисија и земјите-членки на Европската Унија…
Дождлив викенд пред Македонија: циклон од Џенова…
Промена на времето се очекува од петок,…
Зеленски ја обвини Русија за нападите врз…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија…
Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската…
Шведската полиција синоќа застрела вооружен маж пред…
МИ6 проверува дали британските тајни се загрозени…
Британските разузнавачки служби истражуваат дали нивните доверливи…