Денеска се празнува Света Вероника

t

Света Вероника

Тоа е крвоточивата жена којашто во она време Христос ја исцели (Матеј 9, 20). Од благодарност кон својот исцелител Господ, Вероника порача и му направија статуа на Исус Христос и пред неа таа Му се молеше на Бога. Според Преданието оваа статуа била сочувана до времето на царот Јулијан Отстапник, којшто ја претворил во статуа на идолот Ѕевс. Ова е еден од вонредно ретките случаи во Црквата на Исток да бидат употребувани статуи со свети ликови. Како што е познато, подоцна тоа стана обичај во западните цркви. Света Вероника и остана предадена на Христовата вера до својата смрт и мирно почина.

Тропар
Силата во земниот живот која од тебе истекуваше Веронико света, од допирот на Животот се претвори во благодат на верата, надежта и љубовта, со која ти Него Го исповедаше пред луѓето и ангелите. Радувај се и моли се за нас ти, верна слугинко Господова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…

Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…

Пожар во Илиден во близина на бензинска…

Пожар избувна во и околу каналот што…

Иран поканет да се приклучи на „исламското…

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат,…

Пожарот кај делчевски Голак ставен под целосна…

Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП…