Објавено на:

Унгарија тајно зела кинески заем од една милијарда евра

t

Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра од кинеските банки оваа пролет, пишува локалниот унгарски медиум „Портфолио“ врз основа на ажурираната статистика на Центарот за јавно менаџирање на јавниот долг (АКК), во која постојното кредитно портфолио на буџетот е поделено по трансакции.

Како што се наведува во информацијата унгарските власти го зеле кредитот од кинеските развојни банки. Засега единствено се знае дека Унгарија мора да го врати кредитот до април 2027 година.

Каматната стапка, распоредот за отплата и други детали не се познати, освен оправдувањето дека државата го зела кредитот за финансирање на трошоците на централниот буџет во области на висока технологија, изградба на инфраструктура, транспортна инфраструктура и енергија. Она што единствено може да се дознае е дека каматната стапка варира.

Според базата на податоци на АKK, ова е највисокиот износ во рамките на зделките со Кина. Унгарија во минатото зеде заем за железничката линија Будимпешта-Белград, и тој изнесуваше 917 милиони долари, и тоа беше вториот најголем договор за кредит. Будимпешта го зеде тогаш од кинеската Ексим банка.

Унгарските медиуми во оваа ситуација го наведуваат и исцрпувањето на ресурсите на ЕУ. Во претходната фаза од преговорите за ресурсите на ЕУ, владата на Виктор Орбан тврдеше дека трансферите на ЕУ може да се заменат со ресурси од Кина.

Во исто време Брисел замрзна 20 милијарди од ЕУ фондовите поради назадувањето на Унгарија во однос на стандардите на ЕУ. Во моментов како што информирааат медиумите дефицитот на Унгарија сега изнесува 4,5 отсто од БДП, што е над лимитот на ЕУ од 3 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Кина роботи ги пошумуваат пустините

Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе…

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…

Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…

Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…

„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…

Во разговор зад затворени врати со висок…

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…