Македонец на докторски студии по физика во САД истражува примена на квантна физика во финансиски сектор

t

Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски студии по физика во САД, ја истражува примената на квантна физика во финансиски сектор. За овој 28 – годишен докторант денеска е објавена статија на универзитетската веб страница.

– Како дел од докторските студии по физика на Браун универзитетот, летово стажирам во голема инвестициона фирма во Бостон, Масачусетс. Со своите знаења од квантната физика вршам физибилити студија за примената на квантните компјутери во финансискиот сектор. Во мојот фокус е безбедонста на системите, поради тоа што во иднина, квантите компјутери ќе имаат моќ да ги пробијат постоечките енкрипциски заштити, како и подобрување на перформансите на постоечките алгоритми со вештачка интеленгија, базирана на квантни невронски мрежи, појаснува Николов за МИА.

Тој неодамна учествуваше на светски конгрес за квантната физика во Соединетите Американски Држави.

– Презентирав во делот за млади научници и научници во рана кариера, појаснува Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…

Канцеларијата за контрола на странски средства при…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Катар ќе има одделни разговори за прекин…

Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…