Сепак ќе има балансер: Новиот ќе се применува според процентот на резидентното население

t

Министерот за јавна администрација, Горaн Минчев, објави дека се изменети процентите на балансерот, кој од 2022 година ја броеше и дијаспората од пописот.

Тоа значи дека во новата пресметка на балансерот ќе биде вклучен само бројот на резидентното население, според податоците од последниот попис.

Со тоа бројот на Македонци во администрацијата ќе биде од 54,21 на 58,44 проценти, Албанци од 29,52 на 24,30 отсто, Турци од 3,98 на 3,86 проценти, Роми од 2,34 на 2,53 отсто, Срби од 1,18 на 1,30 отсто и Власи од 0,44 на 0,47 проценти.

Во Министерството пристигнати се речиси 120 годишни плана за вработување во институциите од јавниот сектор и од нив само пет се со позитивно мислење.

Министерот Минчев рече дека според процентуалната застапеност во новоформираното министерство, во моментот од 43 до 45 отсто се вработени од етничките заедници, што значи дека балансерот е злоупотребен.

„Тоа е предмет на ревизија. Досегашните анализи укажуваат дека од 100-процентната вработеност, од 18 до 19 отсто ја имаат злоупотребено можноста за искажување припадност на етничката заедница, односно злоупотреба на балансерот“, рече Минчев додавајќи дека се работи за луѓе што се во редовен работен однос и ќе останат на работа.

Пред две недели Минчев најави укинување на балансерот соопштувајќи дека алатката за вработување според националната припадност во државните институции во минатото била предмет на злоупотреби.

Во август 2022 година тогашниот министер Адмирим Алити направи нова пресметка на балансерот, при што процентот на лица што треба да се вработени во државните институции беше пресметан од вкупното население од пописот, што предизвика многубројни реакции. Според Минчев, со тоа Законот за вработените во јавниот сектор не бил почитуван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…