(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
Тешка несреќа околу пладне се случила во Грција.
Во несреќата учествувал камион и три автомобили, а загинати се четири лица.
Четири други лица се тешко повредени. Загинатите се двајца мажи, бебе и девојче (13).
Несреќата се случила откако возачот (39) на камионот, кој се движел кон Кипарисија, на патот Пиргош – Кипарисија, по свиок од непозната причина изгубил контрола и влегол во спротивната коловозна лента, па удрил во три автомобили кои се целосно оштетени.
Во еден од автомобилите загинале татко (38) и неговото бебе (1), а неговата сопруга (38) и синот (6) се тешко повредени и пренесени во болницата во Патрас. Во другото возило, кое било заглавено под камионот, биле татко (50) и ќерка (13), кои починале на лице место.
Во судирот повредени се и млад човек (25) кој бил интубиран во Каламата, возачот на камионот и уште еден маж (61) исто така се хоспитализирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…