Браво! Македонија ја победи и Чешка – четвртфиналето на ЕП на дофат
Кошаркарската машка репрезентација на Македонија до 18 години го забележа третиот триумф на треитот натпревар на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се одржува во Скопје.
Нашите кошаркари ја совладаа Чешка со 94-86 и веќе со една нога сме во четвртфиналето.
Најдобар стрелец во нашата екипа беше капитенот Јаничиќ со 25 поени, пред Стојковиќ кој имаше 20 поени, додека кај Чешка, Цанк имаеше 25 поени.
Во следното коло нашата селекџија игра против Кипар и важи за апсолутен фаворит.
Со победа во следниот меч кој е на програмата во вторник од 18:30 часот нашиот национален тим ќе биде сигурен четвртфиналист, па со Украина во последното коло од групната фаза потенцијално ќе разигрува за едно од првите две места на табелата во нашата група.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кремљ не сака ЕУ да биде на…
Москва не гледа никаква конкретна корист од…
Претседателот на Латвија предвидува можна пресвртница во…
Војната на Русија против Украина би можела…
Танкер за нафта експлодира во Ормуската Теснина
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
Вишеградски бунт: Фицо, Туск, Бабиш и Маѓар…
Премиерите на земјите од Вишеградската група (В4)…
Сериозен сајбер напад се случува на секои…
Сајбер криминалот станува сè поголема закана за…