Пратеникот Антонијо Милошоски пристигна во Тајван и покрај негодувањето на кинеските дипломати

t

По написот на АП дека кинески дипломати им се заканувале на парламентарците акредитирани за самитот на ИПАК во Тајпеј, пратеникот Антонијо Милошоски објави пост на Фејсбук дека веќе е во Тајван и има средби со колегите парламентарци од Интерпарламентарната алијанса за Кина.

-Самитот на ИПАК го искористив за средба со Борис Мијатовиќ, член на германскиот Бундестаг и изврстител за земјите од Западниот Балкан во пратеничката група на Зелените BÜNDNIS 90/DIE GRÜNEN ; имавме корисен разговор за билатералните односи и за евроинтеграциите на регионот, напиша Милошоски на Фејсбук покрај фотографијата со Мијатовиќ.

Претходно АП објави дека парламентарци од најмалку шест земји изјавиле дека кинески дипломати вршат притисок врз нив да не присуствуваат на Самитот во Тајван кој е со фокус на Кина, во рамки на кинеските напорите да се изолира самоуправуваниот остров.

Агенцијата ја пренесе и изјавата на пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски за тоа што конкретно од него барале кинеските дипломати кои го контактирале.

„Јас сум Ву, од кинеската амбасада“, гласеше пораката испратена до Антонио Милошоски, пратеник во Северна Македонија. „Слушнавме дека добивте покана од ИПАК, дали ќе присуствувате на Конференцијата што ќе се одржи следната недела во Тајван?“, пишува АП.

Слични пораки, повици и итни барања за состаноци во обид да се обезхрабрат да одат во Тајван, како што добил Милошоски примиле и политичари во Боливија, Колумбија, Словачка, Босна и уште една азиска земја која не е именувана.

Четвртиот самит на Интерпарламентарната алијанса за Кина, или ИПАК (IPAC) официјално почнува од утре во главниот град на Тајван, а на него учествуваат 48 пратеници од 24 земји од 5 континенти, загрижени за дејствата на НР Кина кон Тајван и најновниот развој во односите меѓу двете земји.

– ИПАК долго време се соочуваше со притисок од кинеската влада: некои членови беа санкционирани од Пекинг, а во 2021 година групата беше цел на хакери спонзорирани од Кина, според обвинението на САД објавено претходно оваа година, пишува АП.

Лук де Пулфорд, директорот на Алијансата го нарече притисокот на кинеската Влада „грубо странско мешање“.

„Како би се чувствувале претставниците на НР Кина ако се обидеме да им кажеме за нивните планови за патување, каде можат, а каде не можат да одат?“, рече Де Пулфорд, користејќи го акронимот за официјалното име на Кина, Народна Република Кина. Мислат дека можат да се мешаат во плановите за патување на странските законодавци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте загриженоста во Иркутск: Откажана традиционалната градска…

Градските власти во Иркутск, Сибир, ја откажаа…

Трамп потврди: Имаше закана за американските бомбардери…

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските…

Сиљановска-Давкова: ЕУ вели дека нема проблем со…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Македонија презела…

Арагчи: Иран ќе ги искористи сите дипломатски…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Братот на кралот Чарлс ја тужи полицијата…

Поранешниот британски принц Ендрју Маунтбатен-Виндзор отвори правна…