Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува на околу два милиони евра
Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот дел на Словенија по обилните врнежи од дожд и силните ветришта што ја зафатија земјата во неделата попладне. Поплавени се куќи и деловни објекти, додека ветрот оштети покриви и корнеше дрвја.
Локалниот пат меѓу Загорје и Литија е блокиран од свлечиште, а уште еден одрон се заканува на куќа во општина Жалец, јави агенцијата СТА.
Во долината Логар во северна Словенија блокиран е патот до водопадот Ринка, што е вторпат областа да биде зафатена од поплави за нешто повеќе од една недела.
Планинарската спасувачка служба спасила 19 планинари од планините околу долината.
Се проценува дека обилните врнежи од дожд минатата и оваа недела направиле штета од околу два милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силна бура зафати дел од Шпанија —…
Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Силна бура и поплави го погодија Чиле
Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…