Утре е Огнена Марија – се смета за многу почитуван празник посебно меѓу жените
Денот на Света Маченица Марина, кај народот позната како Огнена Марија се смета за многу почитуван празник посебно меѓу жените, па обичај е на тој ден да не се работат домашни работи ниту работи на поле.
Во црквениот календар 30 јули не е обележан со „црвени букви“, но жените на тој ден одбиваат да протнат и игла во конец од ставопочитување кон овој празник.
Според народните верувања, Света Марина пали и казнува со оган и како Свети Илија кој казнува со громови, таа спаѓа во „огнени“ свеќи.
Меѓу православните Огнена Марија (која, инаку, во народната традиција е насловена како сестра на Громовникот Илија и Свети Пантелјмон) предизвика посебно стравопочитување.
Тој ден (30 јули по нов, односно 17 по стариот календар) никој не работи бидејќи се смета дека тој ден секоја работа е грешна, дека секој кој тој ден ја прекрши божјата волја, не може да очекува негова милост.
Света маченица Марина е по потекло од Антиохија, се крстила во 12 година и рано останала без мајка, а татко и, кога дознал дека е христијанка ја истерал од дома.
На пат од Антиохија таа го сретнала епархот Олимврија кој тргнал да ги гони христијаните. Бидејќи го одбила понудениот брак и поради нејзината вера во Господ Исус Христос, гневниот епарх наредил да ја изложат на најлоши маки.
Огнена Марија некои православни семејства ја одбележуваат како света слава. Моштите на оваа светилица почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонд над Охридското Езеро.
Во некои делови е распространето мислењето дека на овој ден девојките треба да му подаруваат огледала на младиот човек што им се допаѓа и дека тој засекогаш ќе ги гледа како „свој одраз во огледалото“.
Св . Обичај е на овој празник, кога поради големите горештини „горат небото и земјата“, не се работи.
Во фолклорот се сочувани примери на многу несреќни случаи кои се случиле на денот на Огнената Марија, кога невнимателни капачи се удавиле во реки и езера. Затоа се верува дека на Огнената Марија треба да се избегнува и пливање во „големи води“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
„Скандинавскиот” премиер балкански манипулира – му порачаа…
Независните граѓански иницијативи ја искоментираа денешната изјава…
Вселенскиот брод „Спејс Екс“ експлодирал за време…
Дел од базата на SpaceX во Тексас…
Трагедија во Охрид: Извлечено тело од водите…
Безживотно тело попладнево околу 14 часот е…
Кавадарчанец пронашол експлозив во ѕидот од својот…
Жител на Кавадарци при реновирање во неговиот…