ВЛЕН: Минчев, Димитриевски и ЗНАМ да не се замислуваат дека се клучен фактор во Владата
Коалицијата ВРЕДИ која е дел од владината коалиција заедно со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, остро реагираше на денешната изјава на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.
– Минчев и Димитриевски уште живеат во сопствените заблуди. Не живееме во 1997, ниту тие се клучен фактор во Владата. Напротив! Застапеноста на Албанците никогаш нема да биде завршено прашање, и најмалку ќе зависи од партија како ЗНАМ. Дневна политика од Балансерот прават токму Минчев и Димитриевски, кои мислат дека нивната Анти – Албанска доктрина ќе ги направи голема партија. Наместо да пукаат со ќор фишеци треба да го научат ставот на ВЛЕН. Ние сметаме дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет на злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат во јавната администрација се пишуваат Албанци. Затоа, неопходен е Закон за правична застапеност кој ќе овозможува Албанците да бидат дел од сите институции врз основа на квалитет, интегритет, стручност! – велат од ВЛЕН.
Во продолжение изјавата на министерот Минчев:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата…
ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
ВЛЕН: 5 ПРАШАЊА НА КОИ АЛИ АХМЕТИ…
Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри…