Методата која го одушеви светот: Предвреме родените бебенца добиваат плетени октоподи во болница „Плодност“
Методата на поставување на плетени октоподи во инкубаторот на предвреме родените бебиња веќе се применува и во Битола.
Следејќи ги софистицираните медицински центри во светот, болница „Плодност“ им дава на најмалите бебенца слатка „играчка“ со многу позитивни ефекти. Октоподот ја симулира папочната врвца на мајката, му помага на бебето во мозочниот развој и има смирувачко влијание врз него.
ПЛЕТЕНИ ОКТОПОДИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИТЕ БЕБИЊА
Методата која го воодушеви светот, на голема радост на персоналот и на родителите, се применува и во Болница Плодност.
Кај предвремено родените бебенца, додека се во инкубатор, во нивна близина се поставува плетен октопод, кој ја симулира папочната врвца на мајката. Со извитканите делови го допира бебето и го потсетува дека сè уште е во мајчината утроба.
Во сите софистицирани медицински центри во светот се применува оваа метода, која на бебето многу му помага во мозочниот развој и има утврдени позитивни ефекти врз целосниот развој на предвремено родените бебиња.
Октоподот истовремено има и смирувачко влијание врз бебињата, затоа што кога со малите рачиња го држат кракот на октоподот, мислат дека ја држат папочната врвца на мајката, така што мирно ја поднесуваат сондата и не ја вадат од устата додека се во инкубаторот.
https://www.facebook.com/BolnicaPlodnost/posts/863326338990521?ref=embed_post
Извор: femina.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…