ОБИД ЗА УБИСТВО ВО PАДОВИШ
На 31.07.2024 СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Ј.(30) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид” по член 123 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот закон и Д.С.(31) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство” по чл. 22 од Кривичниот закон, а во врска со кривично дело „убиство во обид”.
На 31.07.2024 околу 01:30 часот на тротоар на раскрсницата помеѓу улиците „22-ри Октомври” и „Партизанска” во Радовиш, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица А.Ј. со остар предмет му нанел убодна рана на Ѓ.А. од Радовиш, а истовремено Д.С. активирал солзавец кон Ј.Т. од Радовиш. Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Во текот на вчерашниот ден лицата биле изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Дете во детска градинка во Радовиш се…
Вчера во 11.00 часот во ОВР Радовиш,…
Обвинение за бруталното убиство во Кавадарци: Ја…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
ВООРУЖЕН КАКО РАМБО ШЕТАЛ НИЗ РАДОВИШ Маж…
49-годишниот А.У. е задржан во Полициската станица…
Истрага против дилер на марихуана од Радовиш
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за…