„Солидарноста е клучна во овие тешки моменти“: Пристигнува меѓународна помош за гаснење на пожарите во Македонија
По еден хеликоптер од Србија и Чешка се пристигнати во Македонија како дел од меѓународната помош обезбедена со ЕУ механизмот на цивилна заштита.
Во текот на денот ќе пристигнат и еден хеликоптер од Словенија, Шведска и Германија ќе испратат по два Ер трактори, а се очекува пристигнување и на тим од Унгарија од 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила.
Седумчлениот тим на Словенија објави дека е подготвен да и помогне на Македонија во справувањето со шумските пожари.
-Во овие тешки моменти, солидарноста е клучна, објави Министерството за одбрана на Словенија.
Македонија по втор пат летово бара меѓународна помош во справување со големите пожари. Минатиот месец помош пристигна од Србија, Турција, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Романија.
МВР продолжува да ја спроведува акцијата „Пожар 2024“, а досега се приведени неколку лица осомничени за подметнување на пожарите и предизвикување општа опасност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Иранскиот министер за нафта поднесе оставка
Иранскиот претседателски кабинет објави оставка на министерот…
Новиот филм на Том Круз со катастрофален…
Новиот филм на Том Круз, „Дигер“, забележа…
Вучиќ: Курти, Ѓукановиќ и Пленковиќ – сите…
Александар Вучиќ – носителот на листата „Александар…
Израел оштетил повеќе од 80 проценти од…
Израелските сили оштетиле повеќе од 80 проценти…