Николоски на средба со Залаи: Македонија и Унгарија имаат иста цел, а тоа е зачувување на мирот и безбедноста во регионот

t

Во рамки на денешната официјална посета на Будимпешта, Унгарија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски оствaри работна средба и со министерот за одбрана на Унгарија, Криштов Залаи Бробровнички.

На средбата беше потенцирана добрата соработка во делот на одбраната, како значаен сегмент во остварување на целите на НАТО алијансата и обезбедување на мирот и стабилноста во регионот.

Притоа заменик претседателот на Владата, Николоски, истакна дека Македонија е цврсто посветена во остварување на реформските процеси и е на вистински пат да ги исполни условите за полноправно членство во Европската Унија. Во тој процес очкувањата на Македонија се дека, Владата на Унгарија ќе обезбеди континуирана поддршка на земјата како наша стратешка цел.

На средбата, министрите ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете земји и се согласија дека постои можност за интензивирање на таквите односи во дејности од заеднички интерес.

Заменик претседателот на Владата, Николоски, изрази благодарност за континуираната поддршка на Унгарија кон Македонија и македонскиот народ, особено изразена преку помошта за раст и развој на домашната економија.

За време на средбата, министерот за одбрана на Унгарија изрази исто така силна подготвеност за обезбедување на потребната опрема за справување со пожарите со што ја потврди одлуката за испраќање на хеликоптери за гаснење на шумските пожари. Министерот Николоски изрази благодарност во име на македонскот народ за таквата посветеност на унгарската влада.

На крајот на средбата, двајцата министри изразија задоволство од пријателските односи меѓу двете земји и се согласија дека во иднина таквите односи ќе продолжат да се унапредуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Иранскиот министер за нафта поднесе оставка

Иранскиот претседателски кабинет објави оставка на министерот…

Новиот филм на Том Круз со катастрофален…

Новиот филм на Том Круз, „Дигер“, забележа…

Вучиќ: Курти, Ѓукановиќ и Пленковиќ – сите…

Александар Вучиќ – носителот на листата „Александар…

Израел оштетил повеќе од 80 проценти од…

Израелските сили оштетиле повеќе од 80 проценти…