Ќе гледаме шоу: Доналд Трамп се договори со „Фокс њуз“ за телевизиска дебата со Камала Харис на 4 септември
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кандидат за претседател на Републиканската партија, се договори со телевизијата „Фокс њуз“ за предизборна телевизиска дебата во нејзиното студио со актуелната потпретседателка на земјата, Камала Харис, негова соперничка за функцијата од страна на Демократската партија.
Трамп ова го соопшти на неговата платформа „Трут соушл“.
„Ако по некоја причина Камала не сака или не може да дебатира на овој датум, се договорив со „Фокс њуз“ да направиме голем настан во градската сала на истиот тој четврти септември“, пишува Трамп во објавата.
Централата на „Фокс њуз“ е во Њујорк.
Синоќа Харис ја обезбеди номинацијата на Демократската партија, добивајќи го потребниот број гласови од делегатите на националниот партиски конгрес во онлајн гласање пред форумот.
Трамп веќе учествуваше во предизборни телевизиски дебати – со претседателот на САД, Џо Бајден, на 27 јуни во студиото на Си Ен Ен во Атланта, Џорџија.
Лошото претставување на Бајден тогаш беше главната причина тој да ја повлече својата кандидатура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Уапсен маж кој ѝ се заканувал на…
Маж од американската сојузна држава Вирџинија е…
(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…
Нема потреба од паника и од вознемиреност…
Ѓоковиќ сака да настапи и на Олимписките…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои…