Кривични пријави за тројца од Подградец кои шверцувале производи од македонска територија
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија.
Кривични пријави се поднесени против Ј.Д.(43), М.Ч. (38) и Е.Б.(28) кај кои полицијата пронајде прехрамбени производи, нафта и друга стока прошверцувани од Македонија, стои во полициското соопштение.
Според полицијата, кај лицето Ј.Д. жител на село Мемелишта, Поградец, при претрес во неговото возило и во перална за возила, која ја користел, пронајдени се прехранбени производи.
Кај останатите две лица жители на селото Удениш, Подградец, во возила, во нивна сопственост, била пронајдена поголема количина нафта и друга стока.
Шверцуваната стока е одземена како материјален доказ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…