Пезешкијан до Макрон: Иран го задржува правото да одговори на агресијата
Техеран го задржува правото да одговори на агресијата и заканите по безбедноста на Иран, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон.
„Исламската Република Иран смета дека избегнувањето војна и обидот за воспоставување мир и безбедност во светот е еден од нејзините основни принципи, но во рамките на меѓународното право никогаш нема да молчи пред заканите за интересите и безбедноста на земјата“, предупреди Пезешкијан.
Тој, исто така, го критикуваше „пасивното однесување“ на САД и другите западни земји по нападот на Израел врз иранската амбасада во Дамаск и атентатот на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије во Техеран.
Пезешкијан посочи дека „регионот и светот нема да видат стабилност, безбедност и мир се додека ционистичкиот режим, со политичка, финансиска, вооружена и медиумска поддршка на САД и западните земји, врши геноцид, криминал и терор“.
Тој наведува и дека Иран отсекогаш играл улога во воспоставувањето мир и безбедност во регионот, но дека Израел се обидува да „предизвика пожар“ на Блискиот Исток со своите „криминални и терористички акции“ против Палестинците.
Иранскиот претседател го повика Западот да докаже дека е посветен на мирот во регионот со повлекување на поддршката за Израел и запирање на нападите врз Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан до Макрон: Иран го задржува правото…
Техеран го задржува правото да одговори на…
„Вашингтон пост“: Иран може да ја преиспита…
Претставници на Белата куќа веруваат дека интензивните…
Украинската армија ја зазеде единствената станица во…
Украинската армија, која влезе во регионот Курск,…
Во Косово потврден првиот случај на заразен…
Националниот институт за јавно здравје на Косово…
Благодарение на СДСМ цените на грозјето се…
Благодарение на Владата на СДСМ и политиките…