Објавено на:

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

t

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин Бет го убиле високиот функционер на палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа, Наел Сахл, кој, според ИДФ, „режирал“ напади на Западниот Брег.

Сахл беше убиен од Израелците на 24 јули, а сега е потврдена неговата ликвидација, објави „Џерусалим пост“. Весникот со седиште во Ерусалим додава дека Сахл бил активен повеќе од една деценија во штабот на Хамас на Западниот Брег.

Се додава дека тој бил одговорен за управување со терористички активности, финансирање и снабдување со оружје на терористичките ќелии кои вршеле напади врз Израелците на Западниот Брег.

Сахл беше осуден на доживотен затвор во 2003 година за соучество во самоубиствен напад во Израел, но беше ослободен во 2011 година како дел од еден од договорите за ослободување на затворениците, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…