Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248 тони вода
Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации при МВР на Србија, кои беа ангажирани во гаснењето на пожарите во Македонија, успешно ја завршиле својата мисија и се вратиле во својата земја.
„Од 3 август, нашиот храбар тим работеше рамо до рамо со колегите од Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите во тешки услови. За четири дена нашите пилоти извршија 74 прелети со хеликоптерот „Супер Пума“ и исфрлија 248 тони вода до подрачјата зафатени од пожарите во населбата Косел, северно од Охрид и Брежани на дел од територијата на Илинска Планина, како и селата во централниот дел на Македонија, Папрадиште и Орешје“, стои во објавата на српското МВР.
Како што е наведено, српското Министерство се гордее со нивниот тим кој учествувал во оваа мисија.
„Нашиот заеднички напор нека биде потсетник дека границите меѓу нас се само физички, додека вистинското пријателство и поддршка се неограничени“, се додава во објавата.
Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека српската помош се вратила во својата држава поради тоа што и нашиот северен сосед се соочува со големи пожари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…