Објавено на:

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на Јутјуб во Русија

t

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано се обидуваат да го ограничат пристапот на граѓаните до информации, и веста дека Кремљ ја успорува и блокира работата на Јутјуб е уште една потврда за ова, изјави синоќа портпаролот Метју Милер.
Изјавата доаѓа откако корисниците во Русија се пожалија на пречки и недостапност на Јутјуб во таа земја. Милер нагласи дека руските власти прават големи напори да го ограничат пристапот на луѓето до независни информации.


-Тоа се прави со забрзано темпо од почетокот на сеопфатната инвазија на Украина во февруари 2022 година. Тие постојано се обидуваат да ја ограничат способноста на руските граѓани да добиваат информации за акциите на својата влада.

Од Стејт департментот изјавија дека САД и понатаму ги осудуваат ваквите дејства на Москва.

-Ние продолжуваме со повикот до Кремљ да престане да го блокира пристапот до информации за луѓето во Русија. И како што веќе кажавме претходно, ако го ограничувате пристапот на вашите граѓани до информации за вакви акции, тоа е знак дека тие акции најверојатно се незаконски, додаде Милер.

Рускоит сервис за мониторинг на интернетот, Сбои.рф, вчера соопшти дека во Русија биле регистрирани илјадници прекини на Јутјуб. Корисниците изјавиле дека можат да пристапат до овој сервис само преку виртуелни приватни мрежи (VPN).

Некои западни новинари кои се наоѓаат во Русија не успеале да го отворат Јутјубе. Веб-страницата останува достапна само преку некои мобилни уреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…