ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија досега ќе имаше преговори за уставните измени
Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели дека досега ќе имаше преговори за уставните измени, доколку имаше стабилна влада во Бугарија.
Запрашан околу уставните измени и барањето за нивно одложено дејство кога би ги почнале официјалните преговори со ЕУ, како што претходно истакнаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот Тимчо Муцунски, Хисени смета дека засега е проблем тоа што во Бугарија има преодна влада.
-Да имаше актуелна и функционална влада во Бугарија, веќе ќе почневме преговори за да се постигне договор меѓу двете земји. Имајќи ја во предвид состојбата кај нашиот источен сосед, има простор, во координација со меѓународниот фактор, да се пролонгира и рокот за уставните измени. Состојбата во другата земја не е стабилна од аспект на владеење на извршната власт. Втората страна во процесот нема стабилна влада и човек кој може да преговара за темата. Не зависи од Македонија, рече портпаролот на ВЛЕН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
ВЛЕН: Ветувањето за стадионот на ФК Башкими…
Спортот е една од областите во кои…