Македонците втор најгневен народ во Европа

t

Граѓаните на Македонија се рангирани на второто место меѓу европските нации во овогодинешниот Извештај за глобалните емоции на Галуп, кој покажува колкав гнев или бес чувствува населението во секоја земја на дневна основа.

Како што пренесуваат македонските медиуми, првото место на таа листа го зазеде Турција, каде 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена количина гнев, додека Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците кои рекле дека чувствуваат гнев во текот на денот. .

По Турците и Македонците, според истражувањето на Галуп, следуваат Албанците и Црногорците (24 отсто) и Шпанците (23 отсто).

Во регионот, Бугарија, Србија и Косово се некаде на дното на листата, бидејќи меѓу 11 и 13 отсто од граѓаните во нив се изјасниле дека се чувствуваат лути во текот на денот, додека 21 отсто од испитаниците го кажале тоа кај Грците.

Се наведува дека земјите со најмал процент на гнев на дневна основа во Европа се Финска и Естонија (седум проценти), Португалија (осум проценти) и Холандија и Хрватска (девет проценти).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците втор најгневен народ во Европа

Граѓаните на Македонија се рангирани на второто…

Претрес во Неготино- пронајдени пиштол и куршуми…

На 08.08.2024 во 14.50 часот, полициски службеници…

Синг: Пентагон не е загрижен за напредувањето…

Пентагон не е загрижен за напредувањето на…

Повреден скопјанец: Погоден е од куршум додека…

На 08.08.2024 во 22:51 часот во Полициската…

Мисајловски за Инфомакс: Министерството за одбрана најостро…

Инфомакс побара коментар од министерот за одбрана,…