Пратениците од Левица бараат широка јавна расправа за измените на Законот за урбанистичко планирање

t

Пратениците на Левица најавуваат дека ќе побараат измените на Законот за урбанистичко планирање да бидат повлечени од дневниот ред на пленарната седница закажана цо Собранието за в понеделник и исто така пред да бидат донесени да има широка јавна расправа.

– За престојната собраниска седница, закажана за понеделник, како дел од дневниот ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Носење на ваков закон, во скратена постапка, без консултација со експертите и за време на летен одмор само отвора сомнежи во чиј интерес се предложените измени, се наведува во соопштението од Левица.

Како што се посочува, дел од измените кои се предлагаат во новото законско решение предвидуваат бришење на обврската за обезбедување урбанистичка согласност, без да се земат во предвид последиците од укинувањето на ваквата законска обврска.

Понатаму, се брише обврската од актуелниот закон за започнување на постапка за носење нови урбанистички планови и документации, кои претходно не биле усогласени согласно Закон, со што владата на Мицкоски наместо да го стимулира урбанистичкото планирање, дефакто создава дополнителен урбанистички хаос. Недозволиво е делови од Републиката да немаат нови урбанистички документации, донесени согласно новите параметри, се наведува во соопштението од Левица.

Пратениците бараат министерот за транспорт и врски Александар Николоски да ги повлече овие измени и да иницира широка расправа, во консултација со ескпертската јавност.

-Во услови кога урбанистичкиот хаос, узурпацијата на јавниот простор и дивеењето на градежната мафија се секојдневни проблеми на граѓаните, шверцување на ваквите измени во скратена постапка би значело дека оваа владаа одработува за други интереси – а, не за интересите на обичниот граѓанин, се наведува во соопштенито од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…