Објавено на:

Терористот со македонско потекло ги негира наводите за напади на концертите на Тејлор Свифт

t

Главниот осомничен за планирање на нападот на концертот на американската поп ѕвезда Тејлор Свифт во Виена сега ги негира сите обвиненија против него, иако првично се изјасни за виновен.

Франц Руф, генерален директор за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, во четвртокот изјави дека 19-годишникот од Терниц целосно го признал делото по апсењето. Но, адвокатот на осомничениот Беран Алији, инаку по потекло од Гостивар,  денеска објасни дека неговиот клиент во петокот инсистирал дека ниту е поддржувач на екстремистичката група Исламска држава (ИД), ниту дека планирал напад.

На прашањето дали и зошто се заколнал на верност на ИД, што ја навело полицијата да му влезе во трага, адвокатот одговорил: „Тој сакаше да биде кул, тврдеше дека тој не е терорист, туку незрел и неук“.

Кога 19-годишникот бил уапсен во средата, полицијата открила течен експлозив. Но, како што тврдеше адвокатот, поради недоволната концентрација на една од хемикалиите, тоа немало да функционира, „па тој всушност сакал да го истури растворот во тоалетот“. Кога била претресена куќата на неговите родители, во фрижидерот нашле додатоци од експлозивна направа. Запленети се и детонатори, запалки и друга опрема за производство на бомби.

19-годишникот имал и ножеви и друго оружје со сечила. „Ги нарачал на Амазон затоа што му се допаднале“, изјави неговиот адвокат.

Јавното обвинителство во Винер Нојштад го истражува 19-годишниот и неговиот две години помлад најдобар пријател за терористичко здружување и криминална организација. Следното редовно рочиште за преиспитување на притворот ќе се одржи на 23 август, пренесува АПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРИКС: Кинескиот јуан го надмина еврото и…

Членката на БРИКС, Кина, агресивно ја турка…

Кинескиот Јуан го помина Еврото во волумен…

Кинескиот Јуан го помина Еврото во волумен…

Терористот од Брисел е убиен, се бараат…

Белгиските власти потврдија дека официјално е идентификувано…

(Фото) Еврото тоне како сидро во волуменот…

Оваа година Еврото како валута го достигна…

Рускиот министер за финансии: Санкциите ги туркаат…

Планирано е да се создаде систем сличен…