Почна расправата за ребаланс на буџетот, пратениците од Европски фронт ја напуштија собраниската сала
Пратениците на Европскиот фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието на почна расправата за ребаланс на Буџетот. Тие се незадволни од симнувањето на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање од дневниот ред.
Како што истакна Блерим Беџети од Европскиот фронт додека не одлучи матичната комисија околу законот тие ќе ја напуштат седницата во знак на протест.
Претходно Беџети од Европскиот фронт во процедурално обраќање истакна дека не може закон предложен од пратеник да биде повлечен од друг пратеник. Опозицијата ќе предложи закон и утре, а мнозинството ќе го повлече и каде ќе дојдеме, рече Беџети.
Потоа, пратеникот Талат Џафери праша по кој деловник работи Собранието и додаде дека нема такво нешто во Деловникот што го усвои претходниот собраниски состав пред крајот на мандатот. Обвини за флагрантно кршење на постапката и за мајоризација на работата на Собранието. Рече дека никогаш досега немало симнување на точка од дневниот ред поднесена од опозицијата по редовна постапка на барање на пратеник од владејачкото мнозинство.
-Не смеете да ја прекинете постапката кога е таа започната, рече Џафери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почна расправата за ребаланс на буџетот, пратениците…
Пратениците на Европскиот фронт ја напуштија 12-тата…
Годинава и ВМРО-ДПМНЕ ќе го слави Охридскиот…
На Охридскиот договор никако да му тргне.…
СДСМ: Десет затвореници избегале од затвор во…
Дури десет затвореници избегале од затворот во…
Путин најавува дека Русија ќе одговори на…
Украинските сили мора да бидат протерани од…
„Имаме илјадници војници во Курската област“: Украински…
Украински извори за британски Гардијан тврдат дека…