Од огномет во двор во Батинци изгореа 500 бали сено

t

Огномет можеби предизвикал пожар во селото Батинци, покажува билтенот на МВР.

Вчера во 16.14 часот во СВР Скопје, Р.Џ.(37) од с.Елево, општина Студеничани, пријавил дека во с.Батинци, општина Студеничани, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и на нива му биле опожарени 500 бали со сено.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото каде настанал пожарот била пронајдена кутија од искористен огномет. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запалена спортска обложувалница во Аеродром

Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…

Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…

Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…

(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…

Доцна вечерва избувна пожар во близина на…

Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…

Од огномет во двор во Батинци изгореа…

Огномет можеби предизвикал пожар во селото Батинци,…