Мисајловски до офицерите и подофицерите: Вие сте дел од од македонската армија, институцијата со најголема доверба во татковината
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска се одржа промоција на офицери и подофицери, но и промоција на 24. класа на питомци во чин потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски во своето обраќање истакна дека имаат шанса придонесуваат и да соработуваат. Посочи дека, како министер, се заложува за унапредување на условите, зголемување на човечки капацитети, модернизација на Армијата.
-Вашата денешна промоција е признание за вашиот труд, но и доказ за довербата која ви ја даваме. Вие сте дел од македонската армија, дел од институцијата со најголема доверба во татковината и дел од систем чија клучна алка сте токму вие. Додека ги прифаќате вашите нови задачи и цели во службата, запомнете дека лидерството не е само авторитет, лидерството е и инспирација, давање пример и негување на работна средина во која секој ќе може да напредува, истакна министерот за одбрана.
На свеченоста присуствува и претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претставници на воено дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора и останати високи гости од Министерството и Армијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Трамп даде по 100 долари на 20…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…