Наставничка во Англија сексуално малтретирала ученик на којшто му држела предавања
Наставничка по математика од Англија беше уапсена поради сексуално злоупотребување на момче на коешто му давала „онлајн“ часови, пишува „BBC“.
Полицијата од Нотингем изјави дека наставничката, Holly Rouse – Sweeney (37) договорила средба со тинејџерот во својот поранешен дом каде што имала сексуални контакти со момчето во повеќе наврати иако знаела дека е малолетен.
Мајката на тинејџерот пронашла несоодветни пораки од наставничката на „WhatsApp“.
Во мај минатата година мајката на момчето на неговиот мобилен телефон, на апликацијата „WhatsApp“ пронашла несоодветни пораки испратени од наставничката по што ја известила полицијата.
Наставничката по признавањето на повеќе кривични дела, минатиот петок доби шестгодишна казна од судот во Нотингем.
Во дневникот детално го опишала малтретирањето на момчето и ја запишала неговата возраст
По апсењето на наставничката, полицијата пронашла неколку инкриминирачки записи на нејзиниот лаптоп во коишто детално биле опишани злоупотребувањето и возраста на момчето, а таа тврдела дека врз нејзините постапки влијаеле долгогодишните проблеми со менталното здравје.
„Наместо да го подучува математика, наставничката го искористила ученикот за задоволување на сопствените сексуални потреби“
Наставничката а признала вината во две точки од обвинението, за впуштање во непенетративна сексуална активност со момчето и четири и за наговарање на момчето на сексуална активност.
Таа е ставена во регистарот на сексуални престапници и изречена и е забрана за пристап и каков било контакт со жртвата.
„Наставничката наместо да го подучува математика, ученикот го искористила за задоволување на сопствените сексуални потреби“,изјави, полицискиот експерт за злоупотребување на деца, Keeley Bringhurts.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…
Мајка на син кој бил диџеј во…
ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО: Улиците на Белград се…
Во Белград започна собирот за протестот „Се…
Пронајдена удавена жена во Дебарско Езеро –…
Жена на околу 40-годишна возраст се удавила…
На ГП Табановце се чека околу 15-30…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Мајстор наплати 100 евра за 10 минути…
Недостигот на занаетчии и растечките цени на…