Николоски: За двокатна куќа во внатрешноста не може да се купи гарсоњера во Скопје, затоа народот се иселува

t

Заради притисокот што потекнува од Законот за урбанистичко планирање, цената за метар квадратен во општините Центар и Карпош достигна до 3 000 евра, истакнува министерот за транспорт Александар Николоски.

– Заради овој притисок кој го имаме, квадрат во Центар и Карпош стигна до 3 000 евра. Нас ни се случува да луѓе во внатрешноста продаваат двокатни куќи за 50 000 евра, а во Скопје или во овие две општини, за тие пари не можат гарсоњера да купат и следно што прават – се иселуваат. Нема млада брачна двојка која може да си дозволи 3 000 евра за метар квадратен, а тоа е така затоа што се случи оваа хистерија против урбанизмот од една страна, од друга страна се сè концентрираше во главниот град, од Скопје се град – држава, внатрешноста пропаѓа, а овде цените одат до небо, посочи Николоски во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ „Сител“.

Тој понуди решение со кое ќе се формира комисија од сите релевантни страни и да се изготви нов Закон за урбанистичко планирање со кој ќе се стави ред во урбанистичкиот хаос.

– Затоа, со тој закон кој заеднички ќе го работиме со здруженијата на граѓани, невладините организации со еден хетероген состав, сакам меѓу другото и овие прашања да ги решиме, додаде министерот Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…