„Спасете го Гари пред да му нема спас!“ бараат жителите – Огнот е сè поблиску, а ни ЦУК ни надлежните не преземаат ништо

t

Втор ден беснее огнот во близина на дебарското село Гари на планината Стогово. Во утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се вели дека овој е еден од 13-те активни пожари низ Македонија, а гори мешана шума, но нема детали како се интервенира и што се презема.

Жителите утрово се уште позагрижени зошто пламените јазици се сè поблиску до селото. Велат не гледаме дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи.

Апели дека ситуацијата е доста сериозна и затоа е потребна брза интервенција од надлежните пристигаат уште од вчеравечер.

Превземете нешто додека не е премногу касно, вели постар жител на Гари, додавајќи дека засега никој ништо не превзема за да се угаси пожарот

Се зборува дека го откажале хеликоптерот, па не се арни! Ситуацијата се влошува од час во час, гори сè повеќе и повеќе, а ние сме оставени овде сами на себе, коментира друг гаричанец, огорчен што никој не ги слуша нивните апели за помош, пишува Република.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…

Интелигентните камери на Центарот за управување со…

ЦУК: До 7:30 часот регистрирани 23 пожари,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…

Вкупно 20 пожари на отворен простор се…

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…

Вкупно 22 пожари на отворен простор се…

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево,…

До 13 часот денеска на територијата на…