НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ГРЦИЈА: Осумгодишно дете ненадејно паднало и починало пред очите на родителите

t

Тага и неверување на Халкидики во Грција откако осумгодишно дете паднало и починало пред очите на родителите.

Трагедијата која се случи синоќа до срж ги потресе мештаните и туристите.

Иако брзата помош пристигнала брзо и се обидела да реанимација, несреќното дете немало начин да се спаси.

Мештаните велат дека неговите родители имаат куќа во Јерисос и дека секогаш доаѓале преку лето.

– Во шок сме. Нашиот мал пријател го нема. Причината за смртта ќе се утврди при обдукцијата … Ненадејно не напушти и веста за неговата смрт се прошири како гром – изјави градоначалникот Аристотелис Валијанос.

Тој вели дека сите останати се шокирале кога виделе дека не можат да го оживеат детето.

– Сите во шок гледаа како животот на мало дете завршува така ненадејно. Брзата помош пристигнала брзо и детето веднаш било префрлено во болница, но за жал, не можеле да направат ништо – изјави градоначалникот.

Наводно, детето имало тонзилитис и има индиции дека поради тоа боледувало од акутен перикардитис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…

Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…

Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…

(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…

Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…

Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…

Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…