(Видео) Големо невреме го зафати Куманово: Летаа кровови на згради, улиците поплавени!

t

Пороен дожд од 38 литри по квадратен метар, проследен со грмежи, ситен град и силен ветер попладнево го зафати Куманово. Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи пријавена е падната метална конструкција на булеварот Трета Македонска ударна бригада, паднат покрив на зграда на улица Тоде Думба, на неколку локации немало електрична енергија.

По невремето, екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ за итни интервенции веднаш започнаа со расчистување и санирање на последиците. На фотографиите можат да се видат паднат поголеми и помали дрвја. Екипите се на неколку локации во Куманово, вклучително и на булеварот Октомвриска револуција каде ги чистат затнатите канали и наноси.

И покрај дождот имало неколку пожари од помал обем во Кумановско, а во РЦУК Куманово имало пријави за два одрона во рурални средини, едниот во Липковско, вториот во Старо Нагоричане.

Поинтензивни врнежи попладнево освен во Куманово имаше и во Пробиштип, Кратово, како и во подрачјето помеѓу Штип и Свети Николе. И до крајот на денот ќе преовладува променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Големо невреме го зафати Куманово: Летаа…

Пороен дожд од 38 литри по квадратен…

ЕКСПЛОЗИЈА НА КАМИОН ВО ТЕЛ АВИВ: Едно…

Едно лице загина вечерва во експлозија на…

Фатен 39-годишен маж додека дувал марихуана на…

39-годишен маж е уапсен на Водно поради…

„Спејс Икс“ испраќа екипаж за истражување на…

Компанијата „Спејс Икс“ ја најави првата мисија…

Јелена и Рик се преселиле од Белгија…

Еден од „случајните“ и скриени знаци што…