Москва: Ќе испратиме јасен сигнал до Берлин
Одговорот на Москва на одлуката на германските власти да го конфискува рускиот имот во Берлин ќе влијае на германскиот недвижен имот, изјави директорот на третиот европски оддел на руското Министерство за надворешни работи, Олег Тјапкин.
„Сигналот што ќе го испратиме до германските власти е многу јасен – секоја незаконска акција неизбежно ќе донесе соодветен одговор во однос на германските недвижности во нашата земја“, изјави Тјапкин за Спутник.
Претставникот на МНР нагласи дека Москва внимателно ја следи ситуацијата околу руските недвижности во Германија.
Според него, не може да се исклучи можноста за конфискација на руски имот во Берлин.
Во јули 2024 година, берлинскиот огранок на партијата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во Германија поднесе предлог за запленување на недвижен имот во сопственост на Русија. Пратеничката на берлинскиот парламент, родум од Украина, Лилија Усик, рече дека куќите може да се продадат, а приходите да се префрлат за поддршка на Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…