Објавено на:

Израел нареди уште една евакуација во Газа додека борбите во енклавата продолжуваат

t

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска наредија нови евакуации од областите во јужниот и централниот дел на Појасот Газа кои претходно беа прогласени за хуманитарни зони. Според армијата, овие локации биле користени од палестинското движење „Хамас“ за минофрлачки и ракетни напади врз Израел, пренесоа британските медиуми.

ИДФ соопшти дека испратила летоци и СМС пораки со предупредување за областите северно од градот Кан Јунис и источно од Деир ал Балах, каде што десетици илјади луѓе бегаат од борбите во други делови на Газа.

-Предупредувањето до цивилите е издадено за да се намали штетата на цивилното население и да им се овозможи да се држат настрана од непријателствата, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили.

Претходно, ИДФ соопшти дека вчера погодила област во Кан Јунис од каде биле истрелани ракети кон селото Кисуфим. Пронајдено е оружје како што се рачни ракетни фрлачи и експлозиви.

Сегашните предупредувања за евакуација доаѓаат додека преговарачите во Доха се очекува да се соберат на вториот ден од разговорите со цел да се постигне договор за прекин на борбите во Газа и враќање на израелските и странските заложници држени во Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

49-годишен скопјанец силувал дете под 15 години

Кривична пријава за силување на дете помладо…

Пронајдени пет мигранти од Непал во возило…

Пет мигранти од Непал биле пронајдени во…

Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…

Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…

ДЗС: Во Прилеп безбедно отстранета 75-милиметарска артилериска…

Тимот пиротехничари на ДЗС во градот Прилеп…

Осум месеци затвор за човекот кој ги…

Осум месеци затвор и укинување на притворот…